Месец дена подоцна откако ги најави Galaxy M01 и M11, Samsung додаде уште еден буџетски уред во M линијата.
Компанијата го најави M01s кој во моментот е достапен во Индија. Главните карактеристики се големиот дипслеј од 6.2 инчи со Infinity-V дизајн. И покрај подебелата рамка на долниот дел, тело-дисплеј соодносот ќе биде од 81.8%. Во внатрешноста ќе се наоѓа Helio P22 процесор со 3GB RAM.
На задниот дел ќе има две камери од 13 и 2 мегапиксели. За селфињата ќе се погрижи камерата од 8 мегапиксели. Уште една одлична карактеристика е и батеријата од 4000 mAh. Ќе биде достапен во сива и сина боја. Цената ќе биде само 133 долари.