OnePlus Nord е новиот уред од средна класа на компанијата кој треба да биде претставен во следните неколку дена.
Simon Liu, директорот за фотографија во OnePlus, сподели пост на OnePlus форумот, кој ги откри карактеристиките на уредот, со посебен фокус на камерите. Ќе има главна камера од 48 мегапиксели произведена од Sony, ултраширокоаголна од 8 мегапиксели, 5 мегапикселна камера за портрети и макро сензор. На предниот дел ќе има селфи камера од 32 мегапиксели и ултраширокоаголна камера за групни селфиња.

OnePlus Nord ќе биде најавен на 21 јули. Ќе има 6.4 инчен дисплеј, Snapdragon 765G и 5G поддршка. Ќе доаѓа и со 12GB RAM. Батеријата ќе биде од околу 4115 mAh.