Во денешно време сите се толку зависни од смартфоните, што цел ден поминат без овој уред изгледа невозможно. Токму затоа, би бил интересен експеримент да се предизвикате еден цел ден да поминете без вашиот телефон.
Ова е еден пример за тоа какво би било искуството:
Истражување без мапа
Стигнувањето до нови локации пешки, без Google Maps, е дефинитивно предизвикувачки, но брзо може да стане интересно истражување. Сепак, улиците имаат имиња и броеви, а секогаш може да ги прашате и случајните поминувачи за насоки. Истотака, при фокусирање на Google Maps пропуштате голем дел од околината низ која поминувате.

Сретнување со пријатели без повици и пораки
Ова истотака може да биде тешко, доколку претходно немате направено точен план каде и кога се чекате. Но, доколку локацијата е некое попопуларно место, тогаш не би било проблем. Главниот проблем е всушност што нема да знаете колку е часот. Се разбира, ова може лесно да се реши со часовник.

Купување без листа
Голем дел од смартфон корисниците се навикнати да прават листи за купување на својот уред. Ова може да биде одлична вежба за вашиот мозок и да решите да ги запамтите работите кои треба да ги купите.

Единствената работа која навистина недостасува
Камерата. Дури и да не сте личност која секојдневно прави селфиња, како што поминува времето најверојатно ќе сфатите дека дури и најдобрите денови може да бидат заборавени. Токму затоа е потребната камерата. Се разбира, ова е субјективно, бидејќи не сите сакаат да ги зачувуваат мемориите на овој начин.

Прифатете го предизвикот и споделете го искуството!