Според новите информации, Apple сепак ќе ја претстави новата iPhone серија во септември, како и секоја година. Не само тоа, туку компанијата ќе одржи и втор настан на 27 октомври. Доколку вториот настан може да се одржи со физичко присуство (за разлика од првиот кој ќе биде виртуелен), тогаш на него може да бидат претставени долгоочекуваните Apple Glass наочари.
На 8 септември, Apple ќе претстави четири iPhone модели – 5.4 инчниот iPhone 12, 6.1 инчниот iPhone 12 Pro, 6.1 инчниот iPhone 12 Max и 6.7 инчниот iPhone 12 Pro Max. Сите ќе доаѓаат со 5G поддршка и новиот А14 Bionic под хаубата.

Покрај iPhone 12 серијата, на 8 септември ќе биде претставен и новиот паметен часовник, новиот iPad и AirPower. Настанот ќе се одржи онлајн.
Вториот настан ќе биде на 27 октомври и на него компанијата ќе претстави уште еден таблет, iPad Pro, Apple Silicon Macs (MacBook и MaxBook Pro) и Apple Glass.