iOS 14 опција ги известува корисниците кога одредена апликација ја користи камерата или микрофонот. Благодарение на оваа опција, дел од корисниците почнале да забележуваат дека Instagram ја користи камерата и кога не се снимаат видеа и слики. Тоа значи дека камерата почнува да работи веднаш откако ќе се вклучи апликацијата.
Сепак, компанијата тврди дека тоа не е случајот. Create Mode опцијата на Instagram има пристап до камерата и микрофонот и најверојатно поради тоа оперативниот систем на iPhone може да мисли дека камерата работи во позадина. Слично на тоа, со самото вклучување на Instagram камерата, дури и случајно на секунда, може да ја активира веднаш.