За жал, коронавирусот е сеуште присутен насекаде низ светот и изгледа дека ситуацијата нема да се промени набрзо. Токму затоа, Samsung планира да претстави најмалку еден производ дизајниран да помогне со пандемијата.
Типстерот Roland Quandt сподели фотографија на твитер од три Galaxy Note 20 Ultra маски и на секоја од нив пишува “Antimicrobial Coating” (Антимикробно обложување).
На самата маска не пишува од кои микроби ќе може да заштитува, иако дел од истражувањата потврдуваат дека одредени обложувања може да се покажат како ефективни против проширувањето на коронавирусот. Доколку Samsung има успеано да го имплементира овој материјал во маската, тогаш навистина може да се покаже како корисна.