Популарната TikTok апликација има 40 дена да склучи договор со Microsoft или било која друга американска компанија, во спротивен случај Трамп ќе ја банира од државата. Причината позади ваквата одлука на претстаделот е бидејќи TikTok припаѓа на кинеската компанија ByteDance и слично како Huawei и ZTE се смета за безбедносна закана на државата.
Токму затоа, Instagram одбра одличен момент да ја претстави замената на TikTok, наречена Reels додека повеќе од 100 милиони американски TikTok корисници бараат замена на апликацијата. Според Instagram, “Reels ги кани корисниците да креираат забавни видеа со звуци, ефекти и други креативни алатки.” Овие видеа може да ги споделуваат на својот Instagram Feed и доколку профилот е јавен, да ги направат достапни на пошироката Instagram заедница, преку новиот дел, наречен Explore.