Покрај возбудливата Note 20 серија и Galaxy Z Fold 2, Samsung ги најави и своите први 5G таблети за време на Unpacked настанот, одржан на 5 август. Пред официјално да бидат достапни од 21 август, компанијата реши да сподели кратка реклама од уредите и нивните најимпресивни карактеристики.
Станува збор за кратко видео од 30 секунди кое ги спомнува големите екрани со 120Hz, импресивното S Pen пенкало и уметничките дела кои може да се креираат со пенкалото и таблетот.
Tab S7 има 11 инчен дисплеј со резолуција од 1600 x 2560 пиксели, а Tab S7+ има поголем, 12.4 инчен дисплеј кој е со резолуција од 1752 x 2800 пиксели. Работат на Snapdragon 865+, имаат 5G поддршка, 6 или 8GB RAM и 128 или 256GB меморија.
Во внатрешноста на Tab S7+ се наоѓа батерија од 10 090 mAh, додека кај Tab S7 има помала батерија, од 8000 mAh. 5G моделите се достапни само во црна боја, додека останатите верзии се достапни и во сребрена и бронзена боја.