Смартфон индустријата страдаше во првата четвртина од 2020 година поради COVID-19 пандемијата, а периодот од април до јуни беше уште полош. И покрај тоа, Apple постигна импресивни бројки со својата продажба.
Според новите аналитички податоци, Apple продаде 31.9 милиони смартфони во Америка во втората четвртина од 2020 година. Ова бројка е 5% помалку од 2019-та, кога компанијата продаде 33.4 милиони уреди за истиот период.
Apple успеа да остане на врвот во Америка и оваа година и претставува половина од целата смартфон продажба во државата. Поспецифично, продаде 15 милиони iPhone уреди и уделот на маркетот од 47.1%. Ова е нов рекорд за компанијата.

На второто место се најде Samsung со продажба од 7.4 милиони единици и импресивен удел од 23.2% во Америка. Продажбата на компанијата е речиси непроменета од пред една година, а уделот е пораснат за 0.9%. Последно, на третото место се најде LG со продажба од 3.5 милиони уреди и удел од 11% во Америка.