Правење screenshot со Note 20 и Note 20 Ultra е лесно. Еве што треба да направите:
Притиснете го копчето за намалување звук и Power копчето истовремено. Доколку држите предолго, тогаш ќе се вклучи Power менито.

Но, Note 20 серијата има уште еден начин на правење screenshot: Со S Pen пенкалото.
За да одберете дел од екранот и да направите screenshot, земете го S Pen пенкалото и од менито кое се појавува, одберете Smart select.

Со smart select може да одберете дел од дисплејот, да направите screenshot, и потоа да пишувате или цртате на сликата.