Откако го претстави евтиниот G90 смартфон пред два месеци, Blu најави Pro верзија од него која е веќе достапна.
G90 Pro ќе биде првиот гејмерски смартфон на компанијата. Доаѓа со MediaTek Helio A25 процесор во внатрешноста, заедно со 4GB RAM и 128GB меморија. Истотака, има голем, 6.5 инчен FHD+ екран со тело-дисплеј сооднос од 19:9.
На задниот дел има систем од четири камери со главна од 48 мегапиксели, ултраширокоаголна од 8 мегапикселна и две од 2 мегапиксели.
Еден аспект во кој G90 Pro е одличен е батеријата која е со голем капацитет од 5100 mAh. Цената е само 200 долари.