Pixel 5 се очекува да биде претставен во септември или октомври и ќе биде следниот флегшип на Google. Целта на овој уред е да ги подобри грешките на Pixel 4.
Според информациите кои се појавија, Pixel 5 ќе биде најавен на 14 октомври, а официјално достапен 8 дена подоцна, на 22 октомври. Во однос на цената, Pixel 5 ќе чини 699 долари.
Карактеристики:
- Snapdragon 765G
- пониска цена
- поголема батерија од 4000 mAh
- подобрени камери
- 5G
- 5.8 инчен OLED дисплеј
- 6.1 инчен дисплеј кај Pixel 5 XL
- 6GB RAM
- 128GB меморија

Како што може да се забележи од сликите, ќе биде достапен во неколку интересни бои – зелена, црвена, жолта и бела.

На задниот дел ќе има систем од две камери од кои главната ќе биде од 12.2 мегапиксели.
