Иако OnePlus започна да претставува буџетски смартфони во последниот период, компанијата сепак сеуште ги нема заборавено и своите флегшип уреди.
Оригиналниот OnePlus 8 доаѓа со 6.5 инчен дисплеј. Неговиот следбеник ќе има панел со иста големина. Но, овој пат ќе биде 120Hz, наместо 90Hz панел.
На задниот дел ќе се наоѓа систем од четири камери – главна од 48 мегапиксели, ултраширокоаголна од 16 мегапиксели, 5 мегапикселна марко леќа и 2 мегапикселна за портрети.
Во внатрешноста ќе работи со Snapdragon 865+, 8GB RAM и 128GB меморија. Батеријата сеуште не е позната.
Неговото најавување ќе биде на крајот од септември.