Samsung ја најави Galaxy S20 серијата во февруари, но сеуште нема завршено со овие модели. Наскоро, компанијата ќе претстави буџетска верзија од оваа серија, позната како Galaxy S20 Fan Edition.
Galaxy S20 FE ќе биде достапен во 4G и 5G варијанти за корисниците во Европа. Во внатрешноста ќе се наоѓа Exynos 990 кај првиот и Snapdragon 865 кај вториот модел. Ова е прв пат во последно време Samsung да претстави и Exynos и Snapdragon верзии во истиот регион. Процесорот ќе биде придружен од 128GB меморија и 6GB RAM.

Батеријата ќе биде од 4500 mAh, со брзо полнење од 15W. На предниот дел ќе има 6.5 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 2400 x 1080 пиксели. Селфи камерата ќе биде од 32 мегапиксели. Целосните димензии се од 74.5 x 159.8 x 8.4 mm.
Galaxy S20 FE ќе биде достапен на почетокот од октомври во бела, сина, портокалова, црвена, зелена и виолетова боја.