2020 е дефинитивно чудна година. Еден од најголемите предизвици за компаниите е како да најавуваат нови уреди без одржување на физички настан. Најпаметното решение беше преку виртуелни настани кои може да бидат следени низ целиот свет.
Слично на тоа, и Apple закажа настан на 15 септември на кој ќе бидат најавени новите Apple Watch Series 6 и iPad Air 4. Настанот ќе може да биде следен онлајн преку линкот погоре и ќе започне во 19:00 часот.