Заедно со новиот паметен часовник како директен ривал на часовниците на Samsung, Huawei најави и два нови модели на безжични слушалки.
Како што кажува името, FreeBuds Pro се позиционирани како нова и поевтина верзија од AirPods Pro на Apple, додека FreeLace Pro најмногу изгледаат на ривал на OnePlus Bullet Wireless Z. Ќе бидат достапни на европскиот маркет.
Сигурно веќе сте слушнале за слушалки кои ја “исклучуваат бучавата”, но според Huawei, FreeBuds Pro доаѓаат со “иновативна и уникатна” ACN технологија која компанијата очекува да ги “изненади корисниците”.

Со вклучување на ACN функцијата може да издржат до 4.5 часа, додека без функцијата може да издржат до 7 часа. Тоа е подобро од AirPods Pro во однос на батеријата, но не поиздржливо од Galaxy Buds Live.
Во однос на дизајнот, навистина е убаво да се види нешто поразлично од слушалките на Apple. Достапни се во “Silver Frost” (сребрена), “Carbon Black” (црна) и “Ceramic White” (бела) боја. Тежат само 6 грама и ќе бидат придружени од безжично полнење. Заедно со полначот, нивната цена ќе биде 199 евра.
