Веќе се познати доста информации за Xiaomi Mi 10T Pro, а типстерот Ice Universe откри и повеќе интересени детали за уредот.
Телефонот ќе има 6.7 инчен LCD 144Hz дисплеј.

Сеуште не е официјално потврдено, но процесорот ќе биде или Snapdragon 865 или Snapdragon 865 Plus. На задниот дел ќе има систем од три камери со главен сензор од 108 мегапиксели, ултраширокоаголен од 20 мегапиксели и 8 мегапикселен сензор за портрети. Селфи камерата е истотака од 20 мегапиксели. Уште една одлична карактеристика е големата батерија која ќе биде од 5000 mAh.

Уредот ќе има 8GB RAM и ќе доаѓа во две конфигурации. Еден од моделите ќе чини 699 евра и ќе биде со 256GB меморија, додека другиот ќе чини 640 евра и ќе биде со 128GB меморија.

Mi 10T Pro ќе биде придружен и од уште една верзија, Mi 10T која ќе биде со главна камера од 64 мегапиксели и 6GB RAM. Цената ќе биде од 550 евра.