HMD Global сеуште не е подготвен да претстави флегшип смартфони под Nokia брендот. Додека ги чекаме нив, компанијата реши да најави два нови буџетски уреди – Nokia 2.4 и Nokia 3.4.
Во споредба со Nokia 2.3, Nokia 2.4 е поголем и поубав со својот 6.5 инчен дисплеј и малиот waterdrop notch. Има пластична конструкција и батерија од 4500 mAh. Работи на Helio P22. Уште една продажна точка на уредот е доаѓа и со Android 11 и со 12. Процесорот е придружен од 2GB RAM и 32GB меморија. На задниот дел има систем од две камери со 13 и 2 мегапиксели, а селфи камерата е од 5 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци е на задниот дел и има посебно Google Assistant копче.

Nokia 3.4 има исто тело со 6.2 инчниот Nokia 3.2, но со поголем, 6.4 инчен екран. Работи на Snapdragon 460 и е еден од најевтините телефони со дупка во панелот со селфи камерата. Батеријата е од 4000 mAh. На задниот дел доаѓа со три, наместо две камери – 13 мегапикселна главна, 2 мегапикселна за портрети и 5 мегапикселна која е ултраширокоаголна. Селфи камерата е од 8 мегапиксели. Процесорот е придружен од 3GB RAM и 64GB меморија.
