Поминаа веќе 18 месеци откако HMD Global го врати Nokia брендот на пазарот. Веќе има претставено неколку смартфони, а сега конечно го најави и долгоочекуваниот Nokia 8.3 5G.
Ова е првиот 5G уред на компанијата кој ќе има прифатлива цена од 599 евра. Оригинално требаше да биде најавен за време на MWC 2020 кој беше откажан и да биде достапен ова лето.
Сега, официјално Nokia 8.3 5G ќе биде достапен од 23 септември на глобално ниво. Има четири камери на задниот дел – главна од 64 мегапиксели, 12 мегапикселна која е ултраширокоаголна и две камери од 2 мегапиксели. Дисплејот е голем, од 6.8 инчи. Ќе пристигне со Snapdragon 765G и 8GB RAM. Батеријата ќе биде од 4500 mAh.
