Како што беше спомнато и претходно, Galaxy S21 фамилијата ќе биде составена од три уреди. Меѓу нив, Galaxy S21+ ќе се наоѓа во средина и во однос на големината и во однос на перформансите. Досега се зборуваше дека S21+ ќе има батерија од 4800 mAh, малку поголема од онаа од 4500 mAh на S20.

Тоа значи дека S21 и S21 Ultra ќе ги имаат истите батерии од 4000 и 5000 mAh како и нивните претходници.

Заедно со големините на батериите се појавија и бенчмаркинг резултатите од перформансите на новиот Exynos 2100 кој ќе се наоѓа во внатрешноста на овие модели. Телефонот кој беше тестиран е прикажан со 8GB RAM. На Geekbench 5, овој уред постигна single-core резултат од 1038 и multi-core од 3060 поени.
