Маските станаа дел од секојдневниот живот на луѓето поради пандемијата. Иако Apple обично избегнува политчки ситуации и скандали, овој пат реши да го поддржи носењето на маски со нов емотикон.
Наместо обичната верзија која веќе постои со тажни очи и маска, компанијата реши да најави нов емотикон со подигнати веѓи и посреќни очи, предлагајќи дека емотиконот се смее под маската.

Емотиконот можеби ќе има и уште неколку други промени пред официјално да биде претставен и најверојатно ќе биде достапен со iOS 14.2 и истовремено со iPhone 12 серијата.