OnePlus 8T ќе биде најавен на 14 октомври и ќе доаѓа со неколку подобрувања.
Моменталниот флегшип на OnePlus има широкоаголна селфи камера од 16 мегапиксели. Кај неговиот следбеник оваа камера ќе биде заменета со ултраширокоаголна чија резолуција сеуште не е позната.
Во однос на задниот систем, смартфонот се очекува да има главна камера од 48 мегапиксели, широкоаголна од 16 мегапиксели, макро камера од 5 мегапикселни и 2 мегапикселна за портрети.
Ќе има и 6.5 инчен дисплеј со батерија од 4500 mAh со брзо полнење од 65W кое може да ја наполни батеријата за само 40 минути. Под хаубата се наоѓа Snapdragon 865 со 8 или 12GB RAM и 128 или 256GB меморија.
Почетната цена ќе биде 700 долари.