Според статистичките податоци, 350 милиони од 950 милиони од iPhone уредите кои се користат во моментот наскоро ќе бидат заменети со новата iPhone 12 серија. Но, дали овие нови модели ќе го променат мислењето и на Android сопствениците?
Анкетата која беше спроведена покажа интересни податоци. На прашањето за постоечките Android корисници, 66.9% од нив одговорија дека би го замениле својот уред со некој од новите iPhone 12 модели.

Оваа нова серија ќе работи на моќниот A14 процесор и ќе бидат достапни три големини, но четири модели.
На второто прашање, причината поради која сопствениците се решени да го заменат својот Android уред е уште поинтересна. Додека дел од одговорите беа поради подобрени перформанси, камери и батерии, дури 55.9% од корисниците одговориле дека најголемата причина поради која би купиле iPhone 12 уред е поради подолгата софтверска поддршка.

Доколку сте Android сопственик, дали и вие сте заинтересирани во новата iPhone 12 серија?