Пред неколку дена се појавија фотографии од очекуванииот OnePlus 8T во Aqua Marine (зелена) боја. Сега, се појавија нови фотографии од овој модел придружен од втор, Lunar Silver (сребрен) модел.
OnePlus 8T ќе биде најавен за помалку од недела дена. Компанијата го промовира како уред кој нема да биде “магнет за отпечатоци”. Сега за сега се очекува да биде достапен во овие две бои .
На видеото е потврдено присуството на 48 мегапикселен главен сензор, придружен од 16 мегапикселна ултраширокоаголна камера, 2 мегапикселен и 5 мегапикселен макро сензор.
Под хаубата ќе се наоѓа моќниот Snapdragon 865+ со 8GB RAM и 128GB меморија.