Пред неколку месеци OnePlus ги претстави првите Nord телефони и веќе има подготвено уште неколку нови вакви модели кои ќе бидат најавени наскоро.
Според типстерот Steve Hemmerstoffer, ОnePlus Nord N10 5G и N100 ќе бидат најавени на 26 октомври, недела дена по најавувањето на OnePlus 8T. Што знаеме за нив?
Nord N10 5G ќе работи на Snapdragon 690 со 6GB RAM и 128GB меморија. Ќе има 6.5 инчен дисплеј. Најинтересниот дел на уредот е главната камера од 64 мегапиксели, придружена од 8 мегапикселна ултраширокоаголна и две 2 мегапикселни. Неговата цена ќе биде 300 евра во Европа.
Преминувајќи на OnePlus N100, станува збор за буџетски телефон. Во моментот уредот е мистерија, но се зборува дека ќе работи на Snapdragon 460 и голема батерија од 6000 mAh. Неговата цена ќе биде 200 евра.