Zuckerberg не беше заинтересиран во политика се додека не почуствува потреба да го заштити Facebook од владините напади. Тогаш, Zuckerberg имаше можност да го искористи своето име и позиција да се сретне лице во лице со политички лидери, како Трамп и други. Земајќи го планот директно од стратегијата на Трамп, извршниот директор на Facebook ја убеди американската влада да ги истражи и најголемите ривали на Facebook, вклучувајќи ги TikTok и Apple.
И самата компанијата позади Facebook веќе некое време е под притисок за можни прекршувања на монопол стратегијата и критики поради дозволувањето на дезинформации на својата платформа. И покрај тужбите, Facebook секојдневно расте, а годишниот приход го покажува тоа. Во споредба со 2016-та кога приходот на компанијата беше 28 милијарди долари, оваа бројка порасна на 70 милијарди долари оваа година.
Од сите компании, Facebook најголем напад изврши на Apple. Имено, Zuckerberg се пожалил на американската влада дека Apple не се соочува со иститите монополски проблеми како Facebook, иако оперативните системи како macOS, iOS и iPadOS се користени од најголем дел од американците. Во моментот, Facebook е една од четирите компании, вклучувајќи ги Apple, компанијата позади Google, Alphabet и Amazon кои се под истрага за кршење на одредени антимонополски полиси. Во случајот на Facebook, од компанијата најверојатно ќе се побара да ја прекине комбинираната социјална група од Facebook, Instagram, Messenger и WhatsApp.