Пред да премина на Moto G10 линијата, Motorola реши целосно да заврши со G9 моделите. Како финален член во фамилијата го претстави Moto G9 Power. Уредот има дизајн без никаков notch, слично како G8 Power. Самиот дисплеј е 6.8 инчен со резолуција од 1640 x 720 пиксели. Селфи камерата е сместена во горниот лев агол и е од 16 мегапиксели. Заедно со неа, на задниот дел се наоѓа систем од три камери – 64 мегапикселна главна и две од 2 мегапиксели.
Во однос на внатрешните карактеристики, Moto G9 Power ќе доаѓа со Snapdragon 662 процесор, како G9 Play. Батеријата е неговата најимпресивна карактеристика и е со капацитет од 6000 mAh. Има 4GB RAM и 128GB меморија.

Цената на Moto G9 Power се очекува да биде околу 250 евра во Европа. Ќе биде достапен во сива и сина боја.