Samsung работи на уште еден буџетски смартфон кој ќе има голема батерија од 7000 mAh. Откако го најави Galaxy M31 пред неколку месеци, компанијата сега планира да го најави неговиот следбеник на некој начин, неофицијалниот Galaxy M12. Најпрво, уредот ќе биде достапен во Индија, а потоа најверојатно и на други места.
Не е вообичаено за Samsung да најави две верзии од истиот телефон во толку краток период, но останува да видиме во што друго ќе се разликуваат, покрај батеријата. Според претходни гласини, Galaxy F12/M12 ќе има 6.7 инчен Infinity-O дисплеј и систем од четири камери на задниот дел.
Дури и другите карактеристики да се поскромни, големиот дисплеј и големата батерија, како и четирите камери на задниот дел, се доволно импресивни за буџетски смартфон.