Фановите на емотикони кои ги користат во речиси секоја порака ќе бидат среќни со новонајавениот iOS 14.2 update. Покрај останатите промени, со новиот оперативен систем компанијата најави низа нови емотикони – се на се околу 100. Целата листа може да ја видите тука.

Уште една интересна функција со iOS 14.2 е што музичката апликација Shazam е вклучена во Control Center. Достапни се и 8 нови позадини, и за dark и за light mode. Update-тот овозможува и оптимизирано полнење за AirPods.

Може да го инсталирате преку Settings, General > Software Update.