LG патентираше ново име во Европа за својот иден уред, LG Slide. Патентот спаѓа под класа 9 (Class 9), што значи дека станува збор за смартфон. Според European Intellectual Property Office (EUIPO), класа 9 вклучува: смартфони, дигитални мобилни телефони, електронски пенкала за телефон и слушалки за телефон. LG, една од најпопуларните смартфон компании во светот, ќе го искорист LG Slide името за својот нов уникатен телефон кој беше спомнат на LG Wing настанот во септември.
Овој нов уред го очекуваме во март, 2021 година, како најновиот производ кој ќе биде претставен од Explorer Project на LG. Најверојатно ќе биде првиот смартфон кој може да се преклопи повеќе пати во светот. За жал, во моментот не се познати многу информации за уредот.