Samsung и Huawei ги најавија своите телефони на преклоп како иднината на смартфон индустријата. Но, кинескиот ривал Oppo има друга замисла за иднината на оваа индустрија, како што може да се забележи од долните фотографии.
Познат како Oppo X 2021 и најавен за време на INNO Day 2020 настанот, концептот за овој смартфон има OLED екран со Roll Motor технологија. На прв поглед изгледа како било кој друг 6.7 инчен дисплеј. Но, доколку сте фан на таблет искуството, со само едно лизгање на страна, екранот станува 7.4 инчен.

За разлика од другите вакви телефони, кои обично имаат некаква препрека во средината каде што се виткаат, Oppo X 2021 има целосно рамен панел. Ваквиот екран е овозможен преку 2-in-1 Plate технологијата која го поддржува дисплејот.


Бидејќи станува збор за концепт, сеуште не е познато кога Oppo планира да го претстави.