Последните неколку месеци беа напорни за тимот позади “Among Us”, откако популарноста на играта стана нереално голема. Затоа, креаторите мораа да ги откажат своите планови за втора верзија од играта и наместо тоа, да се посветат на проширување и подобрување на постоечката игра.
Innersloth има посебни социјални канали за играта на кои сподели дека наскоро ќе биде најавена нова Among Us мапа, од која беа споделени неколку слики.
Заедно со новата мапа ќе има и други промени кои во моментот не се познати.
Истотака, на 10 декември ќе се одржи “The Game Awards” настанот, на кој Among Us е номинирана во неколку категории.