2020-та е дефинитивно година на 5G смартфоните. Овој тренд првично беше достапен само кај премиум уредите, но со тек на време речиси секој телефон започна да доаѓа со 5G – и уреди од средна класа и буџетски уреди.
Затоа, решивме да направиме кратка листа на буџетски смартфони кои се најдобри во моментот, и дел од нив поддржуваат 5G:
- Galaxy A71

Galaxy A71 е еден од најдобрите буџетски смартфони на Samsung со слични карактеристики како Galaxy S20. Во однос на дизајнот, овој уред има сличен со оној на премиум моделите, со исклучок на рамниот дисплеј. Работи на Snapdragon 730 и има батерија од 4500 mAh. Дисплејот е 6.7 инчен и на задниот дел има систем со четири камери.
2. Galaxy A51

Кога ќе се земе дизајнот во предвид, овој уред не изгледа воопшто буџетски. Всушност, Samsung реши оваа година сите уреди од Galaxy A серијата да наликуваат на флегшип уредите, благодарение на што нивниот дизајн е премиум. Работи на Exynos 9611 со батерија од 4000 mAh и повторно има четири задни камери.
3. Xiaomi Mi 10 5G

Како и останатите компании, и Xiaomi реши да се придружи на 5G трендот. Од двата кои се достапни во моментот, овој модел е поскап, но затоа има и помоќни перформанси. Покрај 5G поддршката, нуди 6.6 инчен дисплеј и стаклена конструкција. Процесорот е Snapdragon 865, придружен од батерија од 4780. И покрај сето тоа, уредот има четири задни камери, од кои главната е од 108 мегапиксели.
4. Xiaomi Mi 10 Lite 5G

Како што кажува неговото име, Lite верзијата од Xiaomi Mi 10 доаѓа со пониска цена, но повторно со 5G поддршка. Дисплејот е 6.5 инчен со резолуција од 1080 x 2400 пиксели. На задниот дел има четири камери, скенерот за отпечатоци е под дисплејот, а батеријата е од 4160 mAh.
5. iPhone 12 mini

Далеку од буџетски, но листата ќе ја финализираме со најевтиниот модел од новата iPhone 12 серија на Apple. Овој пат, компанијата реши да претстави четири, наместо три нови уреди, благодарение на што се запознавме со iPhone 12 mini. Уредот е компактен со својот 5.4 инчен дисплеј, има моќни перформанси, и најважно од се, доаѓа со 5G поддршка.