Redmi брендот на Xiaomi потврди дека следната Note 9 серија ќе биде најавена на 26 ноември.
Note 9 и Note 9 Pro ќе бидат првите 5G уреди на Redmi. Pro моделот ќе работи на Snapdragon 750G со 12GB RAM и 256GB меморија. На предниот дел ќе има 6.6 инчен FHD+ дисплеј, а на задниот дел ќе се наоѓа систем од четири камери, од кои главната ќе биде од 108 мегапиксели, додека селфи камерата ќе биде од 16 мегапиксели.
Регуларниот модел ќе има Dimensity 800U процесор под хаубата со 8GB RAM и 256GB меморија. Дисплејот ќе биде 6.5 инчен, LCD, системот камери ќе биде со 3 сензори, селфи камерата од 13 мегапиксели, а батеријата ќе биде од 5000 mAh.
Цената на Note 9 Pro 5G ќе биде 229 долари, додека Note 9 ќе чини 150 долари.