Типстерот Steve Hemmerstoffer сподели фотографии од Huawei Mate 40 Pro, Samsung Galaxy S21 серијата, Galaxy S20 FE, Google Pixel 5 и OnePlus 8T 5G пред нивното најавување. Сега, сподели фотографии и од OnePlus 9 Pro.
На фотографиите се забележува промена кај задните камери кои се сместени во вертикален систем и има четири сензори. Две од камерите се поголеми и веројатно ќе бидат главната и ултраширокоаголната, а двата помали ќе бидат макро леќата и камерата за портрети. Сите ќе бидат придружени од dual LED блиц.
На задниот дел ќе се наоѓа и OnePlus логото.

На предниот дел дизајнот е прилично познат. Исто како OnePlus 8 Pro, има заоблен дисплеј со екстремно тенки рамки и мала дупка во горниот лев агол за селфи камерата. Самиот дисплеј ќе биде малку помал од оној на неговиот претходник, 6.5, наместо 6.8 инчи.

Исто како стандардниот OnePlus 9, OnePlus 9 Pro ќе работи на Snapdragon 875 кој сеуште не бил најавен. Ќе има и 8GB RAM, како и 256GB меморија. Ќе постои и верзија со 12GB RAM и 512GB меморија. Се разбира, ќе доаѓа и со 5G поддршка.

Најавувањето на OnePlus 9 Pro ќе биде во март.