Motorola се врати на пазарот на флегшип смартфони оваа година во април и наскоро планира да претстави уште неколку вакви модели. Еден од нив ќе биде најавен на почетокот од следната година.
Код-името на смартфонот во моментот е ‘Nio’. За разлика од повеќето флегшип уреди кои ги очекуваме во 2021-ва, овој модел ќе работи на Snapdragon 865, наместо ненајавениот Snapdragon 875. Во моментот, се зборува дека ќе доаѓа со 8GB RAM и 128GB меморија како стандард. Но, најверојатно ќе биде достапен и модел со 12GB RAM и 256GB меморија.

Големината на дисплејот не е позната, но ќе биде Full-HD+ со резолуција од 2520 x 1080 пиксели. Над екранот ќе се наоѓаат две селфи камери – од 16 и од 8 мегапиксели. На задниот дел ќе има главна камера од 64 мегапиксели, која претходно се наоѓаше и на Moto G9 Plus, ултраширокоаголна од 16 мегапиксели и 2 мегапикселна за портрети.