Смартфон пазарот доживеа голем пад претходиот квартал, откако голем дел од продавниците мораа да бидат затворени поради пандемијата.
Но, дел од компаниите започнаа да го враќаат својот успех. Samsung продаде импресивни 10.3 милиони единици и доби удел на пазарот од 35.6%. Ова е пад за компанијата од 6.9% во однос на претходната година, но сепак е успех доколку се земе во предвид целата ситуација.
Јужнокорејската компанија целосно го победи својот кинески ривал Huawei, кој за момент беше на врв од листата на смартфон компании во светот.
Кај Huawei, покрај пандемијата, и рестрикциите во Америка имаа големо внимание, особено во Европа. Компанијата продаде 6.2 милиони смартфони и беше третата најпопуларна компанија во светот во третиот квартал од 2019-та. Оваа година, компанијата падна на трето место и продаде само 2.5 милиони единици во периодот од јули до септември. Тоа е пад од 58.7%. Маркет уделот на Huawei падна од 20 на 8.8%.