Со цел да помогне во промоциите на iPhone 12 mini, Apple реши да побара помош од TikTok инфлуенсерите. Овие инфлуенсери се платени од компанијата да креираат кратки, промотивни видеа кои се фокусирани на 5G уредот со 5.4 инчен панел. Уште во април на TikTok се појави официјален Apple профил, без никакви содржини и со 1,312 следбеници. Сега, околу седум месеци подоцна, профилот има 376.500 следбеници и на него се постирани 4 видеа и имаат во просек од 371.100 до 1.3 милиони прегледи.
видеата може да ги погледнете тука.
Сите видеа имаат сличен концепт – започнуваат со iPhone 12 Pro кој се претвора во iPhone 12 mini.