Веќе некое време се зборува дека Samsung планира да го одржи Unpacked настанот во јануари, наместо во февруари. Покрај Galaxy S21 серијата, сеуште не е официјално познато кои други производи ќе бидат претставени.
Иако официјалната листа на очекувани производи не е споделена, знамеме за најмалку еден дополнителен проивод кој ќе биде најавен. Не станува збор ниту за Galaxy Z Fold Lite, ниту Z Fold 3, ниту Z Flip 3, туку за четвртите безжични слушалки на компанијата. Нивното име не е потврдено, но една од опциите е Galaxy Buds Beyond. Од подобрувања, ќе имаат подобрен квалитет на звукот, како и подобрена звучна изолација. Нивниот изглед ќе остане релативно ист како кај претходните Samsung слушалки.
Цената на овие слушалки ќе биде малку повисока од 170 долари.