Борбата против пандемија не е лесна. Во вакви случаи здравствени системи насекаде низ светот се подложни на голем притисок. Како резултат на тоа, луѓето со други посериозни болести не можат да ја добијат соодветната помош.
Со цел да помогне со целата ситуација, Apple најави на својата веб-страна дека сите парични средства од PRODUCT (RED) продажбата ќе бидат донирани на “Global Fund’s COVID‑19 Response” програмата. Со ваквиот потег, компанијата се надева дека ќе го намали притисокотврз здравствениот систем на помалите земји на кои им е потребна најголема помош. Овие средства можат да спасат илјадници животи.