Според новите информации, Apple е во потрага на компании кои можат да понудат “преклопени камери”. Ваква компонента ќе ги подобри способностите за отпички зум кај идните iPhone модели. Преклопени камери се користат веќе некое време од други компании, како Samsung и Huawei и се истотака познати како “перископ камери”. Името го добиле бидејќи светлината ја прекршуваат како перископ и леќата и сензорот се сместени хоризонтално, наместо вертикално.
Apple веќе е во преговори со неколку компании кои може да бидат снабдувачи на ваквите камери и планира да патентира перископ технологија за своите следни уреди.

Меѓу овие компании е и Samsung која перископ камера има искористено кај Galaxy S20 Ultra. Компанијата веќе превзема голем дел од патентите потребни за оваа технологија.
Во моментот снабудавчите на Apple за камери се LG Innotek, Sharp и O-Film. Со нудењето на камерите, и Samsung ќе склучи ново партнерство со Apple.