Qualcomm самошто го најави Snapdragon 888, моќен процесор кој ќе се наоѓа во голем дел од брзите флегшип уреди кои ги очекуваме во 2021 година. Еден од првите вакви уреди ќе биде Galaxy S21 кој ќе биде најавен во јануари или почетокот од февруари. Покрај Samsung, и OnePlus ќе се приклучи на трендот и планира да најави флегшип во првата половина од новата година со овој процесор.
Главниот дизајнер на OnePlus сподели преку видео дека “Оваа нова технологија ќе помогне во однос на 5G, гејмањето, камерите и други аспекти кај следните флегшип уреди кои ќе бидат најавени од OnePlus во првата половина од годината.”

Нови Snapdragon 888 карактеристики:
- 5G модем
- Поиздржлива батерија
- Најбрзи Adreno GPU графики кај било кој Snapdragon
- 35% побрзо процесирање слики (120 фотографии во секунда со 12MP)