Неколку дена откако официјално беше најавен Snapdragon 888, новиот моќен процесор на Qualcomm, се појавија и првите бенчмаркинг резултати направени на процесорот, користејќи го очекуваниот S21 5G.
Се разбира, овие тестирања се направени на прототип верзијата од Galaxy уредот со 8GB RAM и 128GB меморија. На нив, телефонот постигна single-core резултат од 1075 и multi-core од 2916. Ова се просечни резултати во однос на останатите флегшип смартфони кои се достапни во моментот.
