Дали се сеќавате на 9 јануари, 2007 година? Тоа беше денот кога Steve Jobs го најави првиот iPhone уред и предизвика целосна револуција во светот на телефоните. Иако беше најавен на тој ден, телефонот официјално стана достапен од 29 јуни, истата година. Apple го започна производството со своите партнери. Сега се појавија фотографии од неговото составување, благодарение на бивш вработен во компанијата. На фотографиите се наоѓа уредот и неговото составување во Foxconn фабриката во Кина.

Првиот уред имаше 3.5 инчен дисплеј со резолуција од 320 x 480 пиксел. Задната камера беше од 2 мегапиксели, а батеријата во внатрешноста од 1400 mAh.
