LG можеби не е најпопуларната компанија во светот на уреди од средна класа, но како еден од ретките смартфони кои доаѓаат со пенкало, Stylo 6 се покажа како прилично популарен.
Неизненадувачки, LG веќе работи на Stylo 7 – уред кој ќе биде претставен наскоро. Како што кажува неговото име, ќе има 5G поддршка и ќе биде најавен на почетокот од новата година.

Според фотографиите, ќе има целосно нов дизајн со голем дисплеј и вертикален систем камери на задниот дел. Овој модел ќе го замени “застарениот” waterdrop notch со дупка во дисплејот каде ќе се наоѓа селфи камерата. Самиот дисплеј ќе биде отприлика 6.8 инчен.

Последно, Stylo 7 ќе биде помоќен и поскап од неговиот претходник кој чинеше околу 300 долари.