Прославувањето на Новата Година овој пат ќе биде поразлично од во минатото. Многумина ќе останат дома, со цел луѓето да останат безбедни од пандемијата. Токму поради тоа, Apple отстрани апликација од App Store наречена Vybe Together. TikTok истотака го отстрани профилот на Vybe Together од својата апликација откако оваа тајна апликација за забави објави видео со кое промовира забави во Њу Јорк на 31 декември. Апликацијата дозволува наоѓање и креирање на тајни забави. Само членови потврдени од Vybe Together можеа да ја користат апликацијата.
Apple ја отстрани четири месеци откако беше најавена. Одлуката беше донесена откако Business Insider зборуваше со компанијата за апликацијата.