Samsung планира наскоро да ја прекине Note серијата и да се фокусира на Galaxy S уредите, но пред тоа да се случи ќе добиеме најмалку уште два нови Note уреди оваа година.
Според фотографиите кои се појавија, дизајнот на Note 21 Ultra ќе биде комбинација на минатогодишниот Note 20 Ultra и очекуваниот S21 Ultra. На предниот дел ќе има голем дисплеј со тенки рамки и селфи камера во средина. Се зборува дека Samsung ќе се обиде да ја имплементира селфи камерата под самиот дисплеј, но тоа не е потврдено.

На задниот дел ќе има голем систем камери кој е сместен во горниот лев агол. На него ќе се наоѓаат три или четири камери, со LED блиц.


Note 21 Ultra ќе биде придружен од помал модел, Note 20 и двата заедно ќе бидат најавени во август.
