12 годишно девојче од Лондон ја тужи апликацијата за кратки видеа, TikTok, тврдејќи дека апликацијата ги има прекршено строгите правила за податоци на Европската Унија. За среќа на девојчето, судија во Лондон дозволи нејзиниот идентитет да остане анонимен. Анонимноста на девојчето е важна, со цел да не биде жртва на онлајн малтретирање.
Бидејќи позади TikTok стои кинеската компанија ByteDance, веќе се поставуваат прашања во Америка што се случува со персоналните информации кои припаѓаат на TikTok корисниците.
До крајот на годината, апликацијата била инсталирана преку AppStore и PlayStore повеќе од 2 милијарди пати и има 800 милиони активни корисници.