Според аналитичките податоци на истражувачката фирма Sensor Tower, 407.6 милиони долари биле потрошени на глобално ниво за време на празниците од App Store и Play Store. Тоа е 34.5% повеќе од 303 милиони долари кои беа потрошени за истиот период во 2019 година. Најголем дел од купените апликации биле игри – 295.6 милиони долари, 27% повеќе од 232.4 милиони долари потрошени на игри мината година. Парите потрошени на апликации кои не се игри порасна на 59%, од 70.5 милиони на 112 милиони долари.
Повторно, App Store беше заслужена за поголем дел од приходот. Поточно, 68.4% или 278.6 милиони долари биле потрошени во App Store. Во Play Store биле потрошени само 129 милиони долари. Тоа е 35.2%, додека истата бројка минатата година беше 33%.
