Apple патентираше нова технологија која опишува MacBook Pro уред кој се користи за безжично полнење на iPhone, iPad и Apple Watch. Анализирајќи го повнимателно патентот, изгледа дека Apple планира да имплементира технологија во шасијата на MacBook која ќе овозможува безжично полнење.

Идејата е одлична со оглед на сите полначи и кабли кои мора да се носат при патување за полнење на сите уреди.

Првиот лаптоп со ваква технологија беше претставен во 2017 година – Dell Latitude 7285.